Времето денес променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)
3 Берово, 4 Попова Шапка, 5 Крива Паланка, 6 Скопје-Петровец, 7 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Струмица, 8 Лазарополе, Крушево, Претор, Битола, Велес, Штип, Гевгелија, 9 Охрид, Виница, Демир Капија, 10 Кавадарци, 11 Прилеп, 12 Тетово.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
8 Лазарополе, 7 Охрид, 2 Крива Паланка, 1 Попова Шапка, Претор, Пожаране.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).
Температурата во Струга и Охрид ќе се движи од 10 до 16 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

