Времето денес сончево и топло со мала до умерена локална облачност
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
19 Попова Шапка, 8 Тетово, 7 Пожаране, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, 3 Скопје-Зајчев Рид, 1 Велес, Струмица.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во планинските предели ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

