Лев банер Десен банер

Пријавувањето за Спортскиот фестивал „Илинден“ влегува во завршница – остануваат уште неколку слободни места

Организаторите на петтото издание на Спортскиот фестивал „Илинден“ информираат дека пријавувањето за натпреварите влегува во својата завршна фаза, а платформата за регистрација ќе биде затворена во петок, 31 јули, во 12 часот.

Според информациите, во дел од спортските дисциплини веќе се пополнети речиси сите места. Кај пливањето, категоријата за мажи е целосно пополнета, додека кај жените остануваат уште четири слободни места.

Во дисциплината кајак останува едно слободно место во машка конкуренција и три во женска, а истата состојба е и кај натпреварите во СУП, каде што има уште едно место за мажи и три за жени.

За дисциплината „Такла“ остануваат уште четири слободни места.

Организаторите апелираат до сите заинтересирани да не го оставаат пријавувањето за последен момент и навреме да го обезбедат своето учество на фестивалот, кој и оваа година ќе понуди богата спортска програма и натпреварувачки дух.

Воедно, објавени се и пропозициите за сите натпреварувања, како и линкот преку кој заинтересираните можат да се пријават за учество на петтото издание на Спортскиот фестивал „Илинден“: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeEcXD38kUre5lGIBlfPwZfz-UhheWxLvovfXarSi68l3VesA/viewform.

StrugaOnline

error: