Времето денес сончево и топло со мала до умерена облачност

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

2 Лазарополе, Попова Шапка, 4 Берово, Маврови Анови, 6 Скопје-Петровец, Битола, Претор, Тетово, Крушево, 7 Крива Паланка, 8 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија, Велес, 9 Штип, Куманово, Дебар, Струмица, Кавадарци, Прилеп, 11 Гевгелија, 12 Виница, Дојран.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта времето беше ведро со мала локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Изутринава е сончево, во централните делови со мала локална облачност. Наместа дува слаб ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и топло со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 27 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

Facebook Коментари