Времето денес сончево со мала до умерена облачност
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)
1 Берово, 3 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 5 Крива Паланка, Штип, 6 Тетово, Виница, Крушево, Лазарополе, 7 Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, 8 Претор, Демир Капија, 9 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Гевгелија, 10 Охрид, Велес.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
20 Пожаране, 18 Лазарополе, 16 Попова Шапка, 13 Тетово, 10 Претор, 9 Крива Паланка, Крушево, 8 Охрид, 7 Скопје-Петровец, 6 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес, 4 Битола, Прилеп, 3 Штип, Берово, 2 Кавадарци, 1 Демир Капија, Струмица.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.
Температурата во Струга и Охрид ќе се движи од 10 до 18 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

