Судскиот совет денеска го делегираше во Струга судијата Вулнет Винца од Основниот суд Охрид, откако денеска му беше утврдено пензионирање на поранешниот претседател Ифет Бајрамовски.
На денешната 477. Седница на Судски совет на Република Македонија беше утврдена конечната ранг листа за избор на судии на Апелационен суд Штип, и тоа од граѓанска област кандидати се Тодор Поп Панев, Сузана Милевска, и Александар Цацков, а од кривична област, Цона Каламерникова, Ѓорѓи Андонов, Сузана Милевска, Јулијана Невкова и Невена Перица.
На седницата беа формирани Комисија за подготвување на кандидатски листи за избор на член на Советот и Комисија за утврдување на број на слободни судиски места за основните судови во државата.
Планот за јавни набавки на Судскиот совет на Република Македонија за 2024 година беше усвоен со дополнение за јавни набавки кое опфаќа шест набавки, помеѓу кои канцелариска опрема, опрема за снимање и гласање, информатичка опрема, софтвер за утврдување на сложеност на судски предмети и замена на подна покривка. Членот Селим Адеми, побара да се доуреди и набавката на симултан превод, за која рече дека е ветена одамна.
извор: 4news.mk
фото: архива
Facebook Коментари