Започна деветтата меѓународна ликовна колонија – Вевчани 2018

- Локални
1012

Манифестацијата започна со обраќање на истакнатата француска уметничка со виетнамско потекло, МИ-АН ХО, потоа следуваше  камерниот концерт на регионалната музичка ѕвезда Жељко Самарџиќ, како и на македонската поп икона Драган Мијалковски.

Овогодишното издание на ликовната колонија се одржува под мотото „Заедничка вредност помеѓу народите на Балканот како мост за развој на меѓусебното пријателство,почитта и разбирањето“.

Учествуваат четриесеттина еминентни сликари од Македонија, Грција, Бугарија, Словенија ,Србија, Полска, Франција, Шведска и други земји.

„Тие творат низ цело Вевчани .Ги отсликуваат Вевчанските извори старите традиционални куќи,автентичните порти и прозорци, вевчанските сокаци, живописните дрвја во природата и слично. Како што нема граници меѓу уметниците, делата и инспирацијата и она што го цртаат од Вевчани така и народите во светот треба да гледаат во тој правец.Со нашите многубројни ликовни изложби во странство имаме голема посетеност и  придонесуваме за пренесување на таа порака“ вели Ефимија Угриноска,  организациски секретар на вевчанската колонија „Вевчански видувања“

Светските уметници три недели ќе  творат на Меѓународната ликовна колонија што по деветти пат се одржува во живописното Вевчани. Уметничките дела родени во падините на Јабланица ќе бидат сместени во каталогот, но,ќе се организираат и изложби за пошироката јавност.

Изминативе години врвните дела од ликовната колонија беа презентирани ширум светските центри Њујорк, Париз и Москва.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари