Ракометна Струга овие денови живее за ракометот, од 12-ти до 15-ти август Струга е домаќин на 45-от интернационален ракометен турнир. Праксата од минатата година продолжува, односно и годинава учествуваат три странски и три македонски екипи. Се очекува овој турнир да ја продолжи традицијата со привлекување на голем број љубители на спортот.
Натпреварите ќе се играат на отвореното ракометно игралиште „Женска плажа“, вчера први што го отворија турнирот се домаќините РК Струга – Шарт, кој за жал изгубија убедливо со 34:16,
втори настапија Бешикташ – Алингсас, во кој Бешикташ ја забележа првата победа со 29:27.
Денес 13 август во 19:00 ќе настапат Бешикташ – Охрид, од 20:45 Металург – Шарт.
14 август
19:00 Металург – Струга
20:45 Алингсас – Охрид
15 август
18:00 меч за петто место
19:45 меч за трето место
21:30 финале
Извор: StrugaOnline
Фото: StrugaOnline
Facebook Коментари