Започна комплетната реконструкција на АК ,,Ливадиште“-Струга

- Локални
1585
После повеќе од 47 години започна комплетно реновирање на бисерот на Охридското Езеро, срцето на стружани, некогашниот најпопуларен камп АК „Ливадиште“ Струга.
,,Сакам да изразам огромна благодарност на УО на АД ЕСМ и ЕСМ „Молика“, кои ја препознаа нашата идеја преку напорната работа и овозможија нејзина реализација. Сакам да упатам благодарност до сите оние кои помогнаа и дадоа поддршка за реализирање на овој наш мега проект. Огромно благодарам и на сите кои се задолжени за менаџирање и домаќинско работење со Кампот којшто покажа дека може да се работи со добивка, што не беше случај во минатото. Стружани и огромниот број туристи кои доаѓаат ќе добијат модерен камп по сите стандарди.-напиша на својот Facebook профил Сашо Коркут,  директор на ХЕЦ Црн Дрим-Струга.
Тој додава дека кампот ќе има целосна нова електрична инсталација,  целосно нов водовод и санитарен чвор;  комплетно реновирана плажа;  пешачки патеки,  шанкови,  детски игралишта,  комплетно реновирани спортските терени;
 фитнес зона,  нов ресторан, пицерија;  паркови, зеленило, продавници,   места за трејлери и шаторско кампување и  комплетно осветлување.
Strugaonline

Facebook Коментари