Започна новогдишното украсување во Струга

- Локални
601
ЈП Комунално-Струга започна со реализација на акцијата за новогодишно украсување на градот .
Согласно програмата, во предновогодишно руво со светлечки украси се китат кејовите, градската чаршија како и центарот на градот околу споменикот на Револуцијата.
Светлечки украси ќе се постават долж ул.Маршал Тито опфаќајќи го и новото шеталиште до Градскиот пазар, долж поголемите улици низ градот како што се: Пролетерски бригади, 15-ти Корпус, Партизанска, Туристичка, ЈНА, Маркс Енгелс, Ристо Крле…
Светлечки украси ќе се постават на најфрекфентните места како што се кружните текови и особено сите мостови на реката Црн Дрим.
Од претпријатието најавуваат дека целосното украсување ќе заврши за неколку работни денови, така што за дочекот на новата 2021 градот ќе биде украсен.
Strugaonline

Facebook Коментари