Започнаа уписите за ракометната школа „Кирил Лазаров 7“

- Локални, Спорт
1329

Од денеска, со почетокот на новата учебна година започнаа и уписите во ракометната школа „Кирил Лазарoв 7“ во неколку градови низ Македонија вклучувајќи ја и Струга, град кој е расадник за ракометни таленти. Брендот на „Кирил Лазаров 7“ годинава го носат школите во Струга, Скопје, Валандово, Свети Николе, Богданци и Стојаково. Постојани членови и сите заинтересирани од нашиот град , за тренинзите ќе можат да се информираат во просториите на спортскиот центар „ТИМИ“ утре во  18:00 часот.

Што се однесува до младите ракометни таленти од Охрид, тренинзите ќе се одржуваат во спортските сали при основните училишта „Глигор Прличев“ и „Христо Узунов“.

Повеќе информации сите заинтересирани може да добијат кај тренерите Наум (075 585 868) и Наташа (070 331 414) или преку испраќање  порака на официјалната страницата  на школата.

На овој начин Лазаров дава голема мотивација и стимул на идните македонски ракометари кои допрва треба да нижат успеси, целта на Школата за ракомет е на младите надежи да им се овозможат идеални услови за тренирање преку кои ќе го покажат својот талент и ќе тренираат со најдобрите. Преку школата Лазаров ја остварува својата желба, но и желбата на ракометарите низ Македонија, да се покаже дека ова е спортска земја во која се создаваат врвни играчи.

Извор: Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“

Strugaonline

 

Facebook Коментари