Започнува десеттото ,,Вевчанско културно лето, ВЕВКУЛ 2021“

- Локални
562

Во среда, 11 август 2021 година запoчнува овогодишната 10-та  јубилејна манифестација ,,Вевчанско културно лето ВЕВКУЛ 2021. “

Овогодишната манифестација се одржува под мототото „ВЕВЧАНИ ЗА БЛАЖЕ КОНЕСКИ“одбележувајќи ја 100 – годишнината од неговото раѓање (1921 – 2021). Вевчанското културно лето започнува со свечано отворање на изложба на фотографии  ( портрети ) и факсимили од и за Блаже Конески. Автор на изложбата и воедно промотор е истакнатиот новинар и писател Мишо Китаноски, а негов соработник е фото репортерот Стојан Кукунешоски.

Програмата ќе ја води Верица Мукоска, а песни ќе рецитираат – учениците од ОУ „Страшо Пинџур“- Вевчани- Андреј Ѓорејлиески, Теона Пљушкоска, Катерина Русеска, Сергеј Димитриески и Георгина Србакоска под менторство на Роза Китрозоска .

Свеченото отворање на ВЕВКУЛ 2021 е во Клубот на пензионери во 19 и 30 часот во Вевчани, со почитување на сите здравствени протоколи.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари