Започнува „Неделата на шпански филм“ во Охрид

- Локални
269

Како резултат на културната соработка помеѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија, во Охрид ќе се одржи изложба и проекција на циклус шпански филмови.

Изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник  Филип Фидановски ќе биде отворена денеска со почеток во 18:00 часот во изложбениот салон на  центарот за култура „Григор Прличев“. Изложбата се организира по повод 140 годишнината од раѓањето на познатиот светски уметник Пабло Пикасо.

Во 19:00 часот во големата сала на центарот за култура „Григор Прличев“ ќе започне Недела на шпански филм“ која ќе трае до 22.12.2022 година.

Планирано е да бидат прикажани три филмови од шпанска продукција. Филмовите ќе се прикажуваат по следниот редослед:

-20.12.2022 (вторник) ќе биде прикажан филмот „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер.

-21.12.2022 (среда) ќе биде прикажан филмот „Тајната во нивните очи“ од режисерот  Хуан Хозе Кампанела.

-22.12.2022 (четврток) ќе биде прикажан филмот „Лесно е да се живее со очи затворени“ од режисерот Давид Труеба.

Strugaonline

 

Facebook Коментари