Струшкото студио за танц БАХ го започнува второто полугодие од 16-ти јануари. Од студиото најавуваат многу забава, танцување но и обврски и напорно вежбање за балерините и балеринчињата од студиото, кои секогаш знаат на крај година да изненадат со огромен спектакл и интересни балетски претстави во претпознатлив стил на студиото.
Стружани со нетрпение ги очекуваат балетските концерти на Студиото за танц БАХ, за кои секогаш се бара карта повеќе. Од студиото информираат дека пробите за старите членови ќе се одвиваат по истиот распоред, по старите термини, а новост изненадување е дека оваа сезона за прв пат на сред танцувачка сезона од 16-ти јануари до 1-ви февруари во студиото ќе примаат нови членови, кои ќе имаат можност да учествуваат во балетската престава за која студиото ќе не информира за детали за околу два месеци.
После 1-ви февруари почнуваат со задачи и обврски, и до септември нема да се примаат нови членови, затоа кој има желба а го пропуштил првиот уписен рок, шансата е сега. Пријавувањето е секој работен ден после 17 часот во просториите на на студиото во Центарот за Култура во Струга.
Од студиото на своите членови им посакуваат одлично второ полугодие и многу танцување и среќни моменти, додаваат дека децата треба да бидат свои, упорни и храбри! да танцуваат, да се насмеани и љубезни затоа што каде што има љубезност, има добрина, а каде што има добрина, има магија. Ние ви посакуваме да ја почувствувате магијата на сцената со Студио БАХ. Кој застанал на сцена како дел од тимот на студиото, знае каква е таа магија. А кој бил во публика на нивен концерт, знае колкава е возбудата и радоста додека ги гледаме на сцена! – велат од студиото за танце БАХ, Струга.
Facebook Коментари