Викендов започнуваат натреварите во пионерска конкуренција. Пионерските екипи на КЛ7 овој викенд ќе ги одиграат своите први натпревари за натпреварувачката сезона 2019/20.
Вицешампионите од минатата сезона КЛ7 Струга се домаќини на РК Преспа Вардар од 13:30 во спортска сала „Нико Нестор“.
Први стартуваат КЛ7 Свети Николе, во сабота од 11:00 часот ќе ја пречекаат екипата на РК Астраион од Струмица во спортската сала „Цар Самоил“.
Свој деби настап ќе имаат нашите пионерки од Скопје каде во 12:00 часот во спортската салата при ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода ќе се сретнат со РК Делчево Вардар. Додека пионерите од Скопје гостуваат кај РК Бутел од 13 часот во спортската сала „Антон Димитров“.
Извор и фото : kl7.mk
Facebook Коментари