Заврши делот од програмата на СВП што се одржува во Струга, следува „Поезија на пат“

- Локални
808

Со традиционалната манифестација „Мостови“, вчера вечер на Мостот на поезијата во Струга– заврши официјалниот дел од програмата на 58-то издание на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата 2019“.

Синоќа беа доделени трите награди што традиционално секоја година ги доделува СВП.

Главната фестивалска награда, „Златен венец“ ја доби романската поетеса Ана Бландијана.

Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга издадена меѓу две изданија на фестивалот е Јовица Ивановски за неговата книга „Човек“, додека наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга, која СВП ја доделува под покровителство на УНЕСКО ја доби  хрватската поетеса Моника Херцег за нејзината збирка „Почетни координати“.

После официјалното доделување на наградите,  деветнаесет поети од земјава и од странство, пред стружани читаа песни од своето богато поетско творештво.

Со манифестацијата „Мостови“ заврши фестивалската програма која се одржува во Струга.  Денеска поетите одат на „Поезија на пат“ во чии рамки поетски читања ќе се одржат во Кавадарци, Прилеп, Велес и Скопје.

Strugaonline

Facebook Коментари