Заврши манифестацијата „Струшки книжевни средби 2019“

- Локални
829

Од 4-ти до 6-ти јули во Струга , Охрид и Вевчани  се одржа деветтотото издание на книжевната манифестација „Струшки книжевни средби“. Манифестацијата  започна во Охрид, со посета на духовните знаменитости црквата „Св, Софија“ и „Мал св. Климент“ и дегустација на локални вина во винаријата  Мал Св. Климент .

Во Библиотеката „Григор Прличев“се одржа промоција на поетската книга „Небесна тишина“ од авторот Новица Соврљиќ, за која зборуваа писателите Петко Шипинкароски и Даниела Андоновска Трајкова, мдератор Милчо Јовановски.

Во хотел „Климетица“ во Охрид се одржа рецитал „Вино и поезија“

На 5-ти јули, манифестацијата „Струшки книжевни средби“ продолжи во Струга. Со почеток во 10:00 часот, во Спомен домот на Браќа Миладиновци се одржа Стручна работилница на тема „Придонесот на списанијата во развојот на современата македонска култура и уметност: 75 години од ослободувањето. Во темата на оваа работилница присутните ги воведе Проф.д-р Димитар Пандов, а модератор беше Проф. д-р. Христо Петрески. Свои трудови доставија Милена Георгиевска и Никола Ѓурѓај, настапија Васил Тоциновски, Ана Витачева Рингачева, Александар Чотриќ, Весна Мундишевска Велјановска, Сузана Мицева, Александра Јуруковска, Мишо Китаноски и Сара Џелили од МД „Илинден“од Тирана Албанија.

По повод јубилејот -десет  години Културен центар „Бран“ – Струга, во Центарот за култура Браќа Миладиновсци Струга, говореше Петко Шипинкароски претседател и главен и одговорен уредник на Ревијата за литература „Бранувања“, а постхумно беше доделена и „Златна Благодарница“ на Владо Малески за уметничкиот влог во создавањето на химната на Македонија „Денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободатса“ и за неговиот придонес во градењето на слободна Македонија. Беа доделени и на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ на добитниците Даниела Андоновска Трајковска и Игор Крајчев. Промотори беа Мерсиха Исмајлоска и Христо Петрески.

Потоа следуваше постхумно доделување „Златна благодарница“ за Владо Малески за уметничкиот влог при создавањето на химната „Денес над Македонија се раѓа“. Слово за Владо Малески ќе одржи Мишо Китаноски, а модератор ќе биде Сузана Мицева.

Во Вевчани на учесниците на „Струшки книжевни средби“ добредојде им посака градоначалникот Сашо Јанкоски а на поетскиот маратон што се одржа на Вевчанските извори настапија: Александар Чотриќ, Сенка Павловиќ, Недељко Терзиќ, Милица Јефтимиевиќ Лилиќ, Виктор Шеќервоски, Новица Соврљиќ Искра Пенева и Раде Вучиќевиќ (Србија), Валерио Орлиќ, Срѓан Духовиќ, Анѓелка Корчуланиќ и Анте Грего (Хрватска), Илир Паја (Албанија), Љубиша Симиќ и Драгица Шредер (Германија), Лабуд Лончар (Црна Гора), Гордана. Сречковиќ (Холандија)

Македонската современа поезија ја претставија Димитар Пандев, Христо Петрески, Васил Тоциновски, Борче Панов, Весна Мундишевска-Велјановска, Мустафа Спахиу, Даниела Андоновска-Трајковска, Сашо Бетоски, Сузана Мицева, Златко Жоглев Петко Шипинкаровски, Лидија Дочовска Павловска, Марина Шокева, Љубинка  Донева, Игор  Крајчев, Стефан Маркоски, Снежана Стојчевска и Никола Сарајлија.

Во црквата Св. Никола –Вевчани: беше направен портрет на добитниците на наградата „Струшко слово“ Лидија Капушевска Дракулевска, Мустафа Спахиу и Недељко Терзиќа, а промотори беаМерсиха Исмајлоска, Васил Тоциновски и Петко Шипинкаровски, а потоа беше напранена промоција на најновите изданија на

На 6 јули, во 11:00 часот во предворјето на црквата Св. Ѓорѓија од Струга беше доделен  Големата награда на Струшките книжевни средби – „КНИЖЕВНА ДАЛГА“ за 2019 година на проф. д-р Димитар Пандев.

Реч за добитникот на наградата даде Даниела Андоновска-Трајковска

Наградата ја врачи претседателот на БРАН и организатор на Струшки книжевни средби Петко Шипинкаровски

Потоа се одржа поетски маратон на кој настапиаја:  Димитар Пандев, Борче Панов, Весна Мундишевска-Велјановска, Мустафа Спахиу, Даниела Андоновска-Трајковска, Сузана Мицева, Игор Крајчев, Илир Паја, Стефан Маркоски, Анастас  Ќушкоски, Сашо Бетоски, Валерио Орлиќ, Срѓан Духовиќ, Анѓелка Корчуланиќ, Анте Грего, Љубиша Симиќ, Митре Мангоски Радождански, Драгица Шредер, Лабуд Лончар, Гордана Сречковиќ, Александар Чотриќ, Сенка Павловиќ, Милица Јефтимиевиќ Лилиќ, Новица Соврљиќ, Марина Икономова Шокева,  Лидија  Дочоска  Павловска, Снежана Стојчевска, Елизабета Јончиќ, Миладин Угреновиќ и Мирко Томоски.

Наградата БРАНУВАЊА за најдобра прочитана песна на македонски и странски автори jа добија Драгица Шредер (Германија), Лабуд Лончар (Црна Гора), Гордана Среќковиќ (Холандија), Сенка Павловиќ (Србија и Весна Мундишевска Велјановска и Сузана Мицева.

Strugaonline

Facebook Коментари