Заврши првата фаза од отстранување на азбестните цевки во Струга

- Локални
692

-Заврши и првата фаза од отстранувањето на азбестните цевки на ул. Партизанска почнувајќи од кружниот ток кај поранешната автобуска станица до кај кружниот тeк кај женска плажа.-информираат од Општина Струга.

Од таму додаваат дека оваа фаза беше назначена како прва бидејќи овој пат се протега долж брегот на Охридското Езеро и е многу важен за развој на туризмот и поддршка на хотелските капацитети, со оглед на тоа дека летната сезона се приближува.

Градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко во февруари годинава најави дека ова е е еден од најзначајните проекти во Струга, што има за цел да ги замени старите азбест цевки во сите области на општина Струга со нови PVC цевки со капацитет два пати поголем од старите, кои како што рече,  не биле воопшто  сменети последните четриесет  години.

Strugaonline

Facebook Коментари