Заврши реставрацијата во храмот „Свети Никола“ во Подгорци

- Локални
1665

Заврши реставрацијата на оштетените фрески во храмот „Свети Никола“  во село Подгорци, кој е изграден 1836 (1845) година, а живописан  е во 1847 година за време на султанот Абдула Меџид. А, Архиреј – Дионис – под упрвата на поп Стојан Крстиќ од Подгорци, Парохија Подгоречка. Иконостасот е изработен од страна на мајстори од Галичник.

Реставрацијата на оштетените фрески ја изведуваа конзерваторите за sидно сликарство при Националниот конзерваторски центар од Скопје и тоа: Владо Мукоски, Александар Антониев и Момчило Трајкоски.

„Конзерваторско-реставраторските работи на оштетените фрески на ѕидното сликарство во црквата Св.Никола во Подгорци се реализираа според изготвениот и одобрениот Проект за конзервација и реставрација- истакна Владо Крстаноски член на црковниот одбор, а воедно и благајник.

Тој додаде дека конзерватоеските активности  започнаа во месец мај и во рекордно време беа завршени во месец  јули. Поради обемноста на конзерватоските работи беше изготвена оперативна програма според која активностите  се изведуваа во пет фази:

Китирање на живописот, инјектирање на потглобучените места, чистење на живописот од нечистотии и саѓи,  ретуш и изработка на детална фотодокументација.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари