Завршните натпревари во Ф4- пионери се играат денеска во Струга

- Локални, Спорт
727

Школата на капитенот #КЛ7_Струга и агенцијата која ја води организацијата и реализацијата на Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“ низ Македонија, KMG Sport се домаќини на овогодинешниот „Фајнл Фор“ за пионери. Денеска, во најракометниот град во земјава, Струга ќе се одржи завршницата во пионерското државно првенство .Четирите натпревари, двете полуфиналиња и натпреварите за трето и прво место ќе се играат во спортската сала @Тими”. На Ф4 ќе учествуваат 3 екипи од Скопје Ракометен Клуб Алушовски, РК Металург и RK Shampion како и организаторот на турнирот  КЛ7_Струга.
Редоследот на натпреварите е следен :

10.30 КЛ7 Струга – РК Алушовски
12.00 РК Металург – РК Шампион

16.30 Трето место
18.00 Финале

Церемонија на прогласување

Strugaonline

Facebook Коментари