Здружението на пензионери- Струга избра ново раководство, Милорад Трпоски повторно е претседател

- Локални
906

Собранието на Здружението на пензионери од Струга, ја одржа првата седница во нов состав со новоизбраните 31 член на Собранието, за следните четири години.

Според Решението за свикување и одржување на конституивна седница на Собранието на Здружението пензионери -Струга,одржано на 23 март 2019 година, и според предложениот дневен ред , а според Статутот на здружението беше избрано работно претседателство од три члена ,а седницата ја  водеше најстариот член на Собранието до изборот на новиот претседател.                                                  .

На седницата беше верификуван мандатот на членовите на новото Собрание од 31 член. Исто така, беа избрани и 13 членови на Извршниот одбор, како и членови на петте  комисии; Надзорен одбор, статутарна комисија, комисија за здравство ,спорт и култура.

Кандидационата комисија од три члена за  избор на органите на собранието и телата предложи:

Претседател на Собранието и воедно и претседател на Извршниот одбор од комисијата да биде  Милорад Трпоски, кој со 28 глса, односно сите присутни на собранието со јавно гласање ,повторно ја доби довербата од новите делегати за мандат од четири години.

Зза делегат во Собранието на Сојузот на пензионерите на Македонија, беше предложен и едногласно избран Даути Хурем.                                        .

Повторно избраниот претседател Милорад Трпоски, се заблагодари за довербата,нагласувајќи дека ЗП Струга и понатаму ќе продолжи со реализирање на предложената програма за работа за 2019. Благодарност за  довербата изразија  и новите членови на Собранието и на комисиите.

Старо-новиот претседател ,Милорад Трпоски, членовите на Собранието ги запозна со донесениот финасиски план за работа во 2019 година ,како и со програмата за работа на здружението за оваа календарска година, која е отворена за измена и дополнување.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари