Здружението на ветерани од Струга во посета на соседна Албанија

- Локални
793

Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на еднодневна екскурзија во соседна Албанија, каде што го посетија градот Берат.

Претседателот на здружението на ветерани и резервисти од одбраната и заштитата за Струга, Петко Шипинкаровски, истакна дека ги реализира своите програмски цели и задачи и со својата активност здружението стана препознатливо во македонскиот невладин сектор и пошироко.

Дваесеттина членови на оваа здружение во градот Берат посетија голем дел од културното наследство.

Берат е деветиот  град по големина во  Република Албанија. Се наоѓа 71 километар северно од Ѓирокастер, исто толку е одалечен од Корча и  70 километри јужно од Тирана.

Берат се наоѓа во јужниот дел на земјата опкружен со планини и ридови вклучувајќи го Томор на исток, што  беше прогласенза национален парк. Реката „Осум“  поминува низ градот пред да се испушти во реката Семон во рамнината Мизек

Името на градот на албански јазик е „Берат“ или „Бел ( и ) град“што значи „Белград“ Во 1961 година е прогласен за музејски град.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари