Земјотрес во Алабанија, почувствуван и во Струга

- Локални
307
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република  Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, 09.10.2022 година регистрираше земјотрес 130 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Елбасан, Р. Албанија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 11 часот и 57 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.9 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Преспа, Охрид, Струга и околината

Facebook Коментари