Жителите на село Дренок избраа претседател и членови на Советот на Месна заедница

- Локални
946

Жителите на сeло Дренок при Општина Струга кои живеаат во селото и во другите општини низ Република Македонија, одржа граѓански Собир во просториите на Советот на Општина Струга за избор на нов Совет и Претседателство на Месна Заедница за с. Дренок.

-Присутните граѓани на собирот едногласно ги предложија и ги избра следните членови на советот на Месната Заедница за с.Дренок и тоа ; Никола Ѓуроски, Бранко Чупески, Димче Чижбаноски, Жарко Чупески, Цветан Дуковски, Филип Чижбаноски, Ново Анѓелкоски и Маја Даниловска. Членовите на Советот за нов претседател на Месната заедница го предложија г-дин Бранко Чупески, за потпретседател г-дин Димче Чижбаноски, за секретар г-дин Цветан Дукоски, за благајник г-ѓа Маја Даниловска, предложените од присутните членови на советот на Месна Заедница едногласно се изгласаа.- информираат од Одделението за соработка со месни заедници и заштита и спасување

Facebook Коментари