Во вториот меч од четвртфиналето, кошаркарките на ЖКК Струга 2009 на домашен терен изборија мајсторка со тимот на Крива Паланка, натпревар кој ќе го играат на гости на 27-ми овој месец.
Стружанки во Крива Паланка славеа со резултат 73:53 (13:12;24:09;14:14;22:18).
Томпсон постигна 22 поени и 15 скокови, Укоска 17 поени, Зендели 10, Шеќероска 8 поени, 11 скокови и 5 асистенции. Стојаноска постигна 6 поени. 6 скокови и 9 асистенции, Модева 4 поени и 11 скокови, Филоска 4 поени, Белеска 2. Кај гостинската екипа најдобри беа Алексоска со 22 поени и Вуловиќ со 20 поени и 9 скокови.
,,Овој натпревар го отворивме добро и знаевме дека со агресивна одбрана и многу трчање во двата правци, ќе бидеме поблиску до победа, што на крај и се оствари. Девојките играа концентрирано, пожртвувано и пред се паметно. Им честитам за одиграното. Сега имаме една недела да се подготвуваме за мајсторка што ќе се игра на 27-ми април. Видовме дека можеме и ќе одиме на победа која носи пласман во полуфинале.,,- изјави тренерот Владимир Ѓоровиќ.
Тој додава дека струшките кошаркарки ќе се обидат да го искористат фактот дека противникот игра на домашен терен, а домашниот терен носи поголем притисок.
Strugaonline
Facebook Коментари