ЖКК Струга 2009 ја совлада екипата на Крива Паланка во првиот четвртфинален натпревар

- Локални, Спорт
379
Во првиот четвртфинален натпревар, екипата на ЖКК Струга 2009 оствари победа на гостински терен во Крива Паланка против истоимената екипа со резултат 69:77 (24:13;20:26;11:22;14:16).
Најефикасна во струшкиот тим беше Зендели со 23 поени, Шеќероска постигна 17 поени и 3 скока, Лее 16 поени, 12 скокови, Биочанин 8 поени, 7 скокови и 3 асистенции. Стојановска постигна 4 поени, 2 скокови и 7 асистенции, Модева 8 поени и 6 скокови. Во тимот на Крива Паланка Мс Нил постигна 38 поени и Глухавичанин 11 поени.
,,Натпреварот го започнавме доста деконцентрирано и во напад и во одбрана. Имавме исхитрени одлуки во напад кои резултираа со лош шут и загубени топки. Во одбрана му дозволивме на противникот доста отворени шутеви кои тие ги искористија. На средина на втората четвртина ја средивме нашата игра и на одмор заминавме со негатива од пет поени. Во второто полувреме изигравме доста поквалитетно во двете фази, на половина на третата четвртина го презедовме водството и со паметна игра истото го задржавме до крај на натпреварот.“ – изјави за Strugaonline тренерот Владимир Ѓоровиќ.
Тој им честиташе на своите кошаркарки за победата, додаде дека серијата продолжува во сабота во Струга каде нашите кошаркарки со евентуална победа би се пласирале во полуфиналето на првенството.
Ѓоровиќ вели дека очекува голема поддршка на трибините во обидот на ЖКК Струга 2009 да се пласира во полуфинале.
Strugaonline

Facebook Коментари