ЖКК Струга 2009 славеше над Крива Паланка, Ѓоровиќ ја пофали зрелоста на своите кошаркарки

- Локални, Спорт
495
Во петтото коло од прва А лига во женска конкуренција, ЖКК Струга 2009 славеше над екипата на Крива Паланка со резултат 70:54, по четвртини ( 16:10;22:13;18:12;14:18 ) . Најдобри во нашата екипа беа: Томпсон со 34 поени и 2о скокови, Тања Стојановска имаше 10 поени и 8 асистенции. Шеќероска постигна 8 поени и 7 скокови, Џутеска 7 поени и 4 скока. Најдобра во редовите на противничкиот тим беше српската интернационалка Вуловиќ со 30 поени и 13 скокови.
,,Пред овој натпревар, тимот на Крива Паланка се појача со српската интернационалка Марта Вуловиќ, поранешна младинска репрезентативка на Србија. Моравме да се прилагодиме на тоа, таа е висока 198 см и е многу снажна кошаркарка. Со неа, играта на Крива Паланка доби сосема нова димензија. Се подготвувавме, па подготвеноста ја пренесовме на терен. Сакам да ги пофалам моите кошаркарки за одличната игра во одбрана и тактичката зрелост во фаза на нападот.,, -изјави тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ.

Facebook Коментари