После три одложени кола, ЖКК Струга 2009 го одигра својот прв натпревар оваа сезона во рамките на Прва лига жени. Нашите кошаркакри славеа на гостински терен во Кавадарци над тимот на Трокал со резултат 44:68 (по четвртини 09:20 ; 12:11 ; 14:21 ; 09:16) Стрелци во струшкиот тим беа: Зендели Хадиса-18 поени Вељаноска Мила-11 поени Модева Габриела-10 поени Белеска Ангела -9 поени Устијаноска Марија-8 поени Пешиноска Еелена-4 поени, Чочороска Ружица-4 поени и Зенку Ера-4 поени
Кај домаќините најдобри беа Миткова Лиле со 9 и Тодорова Анастасија со 18 поени.
Во следното коло ЖКК Струга 2009 ќе биде домаќин на дерби натпреварот со ЖКК Работнички од Скопје.
Strugaonline
Facebook Коментари