ЖКК Струга 2009 загуби од Баскет Кам, во младинските лиги струшките кошаркарки славеа над МЗТ

- Локални, Спорт
855
Во рамки на прва А лига во женска конкуренција ЖКК Струга 2009 загуби од Баскет Кам од Македонска Каменица  со резултат 60:74 (11:18;13:27;10:16;20:13).
Најдобри во нашата екипа беа: Томпсон со 18 поени и 9 скокови, Шеќероска 11 поени и 8 скокови, Џутеска 9 поени, Стојановска и Укоска по 8 поени, Модева, Устијаноска и Белеска постигнаа по 2 поени.
Најдобри во редовите на гостинската екипа беа: Ингјиќ 16 поени и Пулјезевиќ со 15 поени.
,,Актуелниот шампион беше преискусен за нас, затоа овој натпревар го искористивме за да испробаме неколку комбинации за последните два натпревари во кои ќе се обидеме да го задржиме четвртото место. – изјави тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ.
Во младински лиги М14 Струга 2009 убедливо славеше над МЗТ со 61:29. Најефикасна во нашите редови беше Јана Кукунешоска со 36 поени, Муртази 10 поени, Укоска 6 поени, Корчакоска постигна 4 поени.
Во М12 струшкиот тим беше подобар од тимот на МЗТ со резултат 41:34. Во овој натпревар Милчин постигна 20 поени , а Зиба 17 поени.
Strugaonline

Facebook Коментари