Во рамки на првата А лига во женска конкуренција, ЖКК Струга 2009 загуби од ЖКК МЗТ со резултат 69:58, по четвртини (20:11;24:14;13:20;12:13).
Најдобри во нашата екипа беа: Шеќероска со 21 поен, Укоска 15, Томпсон 14, Зендели 3, Филоска и Белевска постигнаа по 2 поени, а Стојановска постигна 1.
Во редовите на МЗТ најдобри беа Беј со 25 поени и Урбина со 23 поени.
Во младинска конкуренција забележани се една победа и еден пораз. Пионерките беа подобри во Кавадарци од екипата на Пробаскет каде славеа со резултат 14:55. Во тој натпревар Кукунешоска постигна 22 поени , Укоска 10, Муртазаи 9, Муртиши 7 поени, Незири 5 поени, Корчакоска 2 поени. Помалите пионерки загубија во Кавадарци од екипата на Јасмин со резултат 30:20. Ниноска постигна 7 поени, Милчин и Зиба по 6 поени и Ѓуроска 1 поен.
Strugaonline
Facebook Коментари