ЖРК Стружанка со убедлива победа над гостите од Чаир

- Локални, Спорт
843

Пионерките на ЖРК Стружанка вчера  на домашен терен во спортската сала „Нико Нестор“ со смирена игра забележаа победа над гостинската екипа од Скопје, Риниа М, со резултат од 18:11 (7:2).

На денешниот натпревар гостите ја имаа честа да го отворат резултатот со 0:1 ,но веднаш потоа наидоа на  убедлива и доминантна игра на разиграните пионерки на ЖРК Стружанка кои што направија серија од 6:0 за да конечен резултат на полувреме биде 7:2.

Нашите пионерки предводени од позитивниот резултат и добро прикажаната игра усепаа да се фокусираат уште на почетокот на второто полувреме докажаа дека немаат намера да ги остават гостите да се доближат резултатски и ја зголемија разликата на +12 (16:4). Покрај разиграните на паркетот ЖРК Стружанка вчера видно можеше да се истакне и на голманската позиција каде што гостите не можеа лесно да погодат како од игра така и од 7 метри. На крај ЖРК Стружанка го запечати резултатот на 18:11 (7:2).

Ова беше еден од полесните натпревари на нашите пионерки со оглед на тоа  дека и на гостувањето во Скопје забележаа победа и тоа, Риниа М 12 (06) 14 (05) Стружанка.

Наредниот викенд ЖРК Стружанка гостува кај екипата на Алушевски во Скопје.

Стрелци на вчерашниот наптревар за ЖРК Стружанка беа:

  1. Вранишкоска Кристина 4 погодоци
  2. Домазетоска Теодора 3 погодоци
  3. Дукоска Теодора 3 погодоци
  4. Затуроска Бојана 2 погодоци
  5. Миладиноска Маријана 2 погодоци
  6. Голабоска Марија 2 погодоци
  7. Петреска Марија 1 погодок
  8. Ѓоршулеска Роберта 1 погодок

Извор: ЖРК Стружанка/Strugaonline

Facebook Коментари