ЗП Лабуништа избра раководство за следните четири години

- Локални
661

Според статутарните одредби на секои четири години се избира ново раководство во во ЗП Лабуништа.Собранието на ова здружение,  на првата редовна седница за оваа 2019 година, во проширен состав со Извршниот одбор, Надзорниот одбор и Комисијата за статут и правни прашања што се одржа на 27 јануари ( недела) во просториите на пензионерскиот дом во Лабуништа, изврши избор на претседател на Советот и тоа: на досегашниот претседател Лутви Ќазимоски му  беше дадена можност уште четири години да го води здужението ,а тој  истовремено е и претседател на Извршниот одбор, за делегат во Советот на СЗПМ беше избран Хамди Асани.

Мандатот на членовите на органите и телата на Здружението е за период од четири години,односно 2019 – 2023 год.Формирната изборна комисија,  ги спроведе активностите во сите три месни ограноци: Лабуништа,Подгорци и Боровец.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари