Бранка Џајковска: Проектот ,,Биди-Ин“цели кон целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, започнаа со спроведување на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Станува збор за проект што ќе се реализира во следниве три години, а има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. Токму преку овој проект оваа учебна година 300 ученици од цела Македонија ќе добијат училишни стипендии. Деталите на оваа тема ги дознавме од Г-ѓа Бранка Џајковска од фондацијата „Чекор по чекор“

Разговорот можете да го проследите на следново видео

Извор: Play radio

Facebook Коментари