Царовска: Наставата со физичко присуство можно е да не почне на 1-ви октомври

- Македонија
436

Наставата со физичко присуство можно е да не почне на 1-ви октомври, но онлајн наставата сигурно ќе почне на тој ден, рече во Собранието министерката за образование Мила Царовска, на расправата за измените и дополнувањата на законите за основно и средно образование.

– Она што денеска го знаеме е дека планот на Владата е наставата да започне на 1-ви октомври. Но, започнувањето на учебната година зависи од епидемиолошката состојба. Да карикираме, ако на 25-ти септември имаме голем број заразени, да, ќе стартуваме со онлјан, но со физичко присуство од прво до трето одделение најверојатно ќе го преобмислиме. Ако имаме стабилна епидемиолошка состојба, одиме со планот којшто е подготвен, рече министерката.

Facebook Коментари