Денеска започнува есента

- Македонија
27

Денеска, 22 септември (267. ден во годината), во Македонија и на северната хемисфера, календарски почнува есента. Во Македонија таа официјално ќе пристигне во 15:30 часот по средноевропско време. Во првиот ден од есента денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат еднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пролетна рамноденица . Во првиот есенски ден сонцето ќе изгрее во 6 часот и 22 минути точно на исток, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути точно на запад. Оддалеченоста на Земјата од Сонцето ќе биде околу 149,5 милиони километри или блиску до просечната вредност.

Есента ќе заврши на 21 декември. Тогаш на северната полутопка ќе почне зимата и овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткоденица.  Од утре, постепено до 21 декември ноќта ќе се зголемува до максималните 15 часа, а денот ќе се намалува до само 9 часа. Во исто време, додека на северната хемисфера почнува есента, на јужната почнува пролетта и таму ноќите ќе стануваат пократки од деновите исто така до 21 декември, до 11 часот и 2 минути.

Facebook Коментари