Денеска започнува учебната 2020/2021 година

- Македонија
405

Во услови на епидемија на COVID-19, денеска стартува новата учебна 2020/2021 година за учениците во основните и средните училишта во Република Северна Македонија. Оваа учебна година ќе биде сосема различна од сите досега, поради посебните протоколи што ќе мора строго да се почитуваат за заштита од вирусот ковид 19

Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до трето одделение, но и во повисоките одделенија во околу 600 основни и средни училишта кои поднеле барања за ваков тип на настава и добија одобрение од надлежните. Сите преостанати ученици, наставата ќе ја следат  онлајн.

На последната седница Владата го одобри продолжениот престој за учениците во основните училишта, за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со правило учениците да се од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.

Прифатена е и препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост и игротеките, со строго почитување на мерките и усвоениот протоколот за работа.

Strugaonline

Facebook Коментари