Филипче: Bирусот во моментов има широка инфекција, доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме

- Македонија
345
Утрово на редовна координација со директорите на Клиниките се разговарало за болничките капацитети, состојбата на болните и актуелната епидемиолошка состојба. Министерот Филипче информираше дека коронавирусот во моментов има широка инфекција и дека доколку е потребно ќе има нови мерки
-Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој.  Bирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме.-нашиша Филипче на својот Facebook профил.
Strugaonline

Facebook Коментари