Филипче: Ситуацијата и понатаму е сериозна, притисокот врз ковид-центрите е голем

- Македонија
68

-На редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капациети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситауцијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид центрите е голем-информираше министерот Филипче.

Тој додаде дека во моментов има доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.

-Очекуваме во нареднот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран.-апелираше министерот.

Strugaonline

Facebook Коментари