Филипче- Вакцините против сезонски грип не се потрошени, од денеска поголем број на термини

- Македонија
357

Вакцините против сезонски грип не се потрошени. Од денеска ќе има поголем број термини за вакцинација, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

-Тоа што го видовме во овој изминат период е еден огромен интерес како што никогаш немало минатите години. Ние имавме многу помалку вакцини и никогаш освен во првата недела што е вообичаено немаше ваков интерес. Во смисла на правење распоред, се направи распоред да има една одредена временска дистанца меѓу времето на апликација на вакцините на граѓаните со цел да не се прават гужви во амбулантите, рече Филипче.

Министерството за здравство за оваа сезона на грип набави 40.000 дози на четиритипни вакцини против грип, наменети за бесплатна вакцинација на ризични групи. Во споредба со минатата сезона, за која се набавија 28.000 дози на вакцини, оваа година за околу 40 отсто се зголемија количините.
Извор: Алсат М

Facebook Коментари