Популарното Радио Бубамара најавува дека сè е подготвено за празнување на големиот јубилеј 20 години Златна бубамара на популарноста.
На 20 февруари во Метрополис-арената ќе се одржи јубилејното 20. издание од нашата најпопуларна и најгледана манифестација Златна бубамара на популарноста.
Публиката со нетрпение го очекува годинашново специјално издание на Златна бубамара, манифестација што на хумористично-сатиричен музички начин ја раскажува изминатата година, придружено со аплаузи и овации за наградените.
Во изминативе 19 години секое издание на Златна бубамара се раскажува и се прераскажува со години и со децении, тоа по многу работи е единствен и уникатен музички културен настан што успеа да изгради традиција на успешна манифестација, која гледачите со радост ја очекуваат.
Facebook Коментари