Ноќеска започнува зимското сметање на времето

- Македонија
258

Ноќеска започнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад, со што времето во 03:00 ќе се смета за 02:00 часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Иако беше најавено дека од годинава ќе стапи на сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија, а секоја земја да одлучи дали ќе остане на летно или на зимско сметање, сепак тоа не се случи.

Facebook Коментари