Нови 14 дена вонредна состојба во земјава

- Македонија
981

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност ја информираше јавноста дека вонредната состојба во земјава се продожува за 14 дена.

Тој истакна дека  наместо бараните 30 дена од страна на Владата, продолжувањето на вонредната состојба е за уште 14 дена затоа што  состојбата со корона вирусот во земјата била подобрена.

-Причина за ваквата одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки, за ублажување на последиците од пандемијата. Сметам дека 14 дена се доволни за да се имплеметираат социјално-економските мерки. Оваа одлука не е поврзана со изборите, за што ќе се разговара на друга средба наредната недела – изјави  претседателот Пендаровски.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари