Од повредените пациенти дваесет и осум се на клиника, пет лица се во критична состојба

- Македонија
648

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ги  посети повредените во трагичната автобуска несреќа, Десетмина од повредените, се во тешка здравствена состојба, а двајца во критична. Министерот изјави дека од 28 повредени, шест ќе бидат пуштени на домашно лекување.

– Четворицата пациенти кои се сместени во КАРИЛ се во тешка состојба. Овие пациенти имаат сериозни повреди кои зафаќаат повеќе системи на човековото тело. Кај една млада пациентка на возраст од 20-тина години ќе се прави хирушка интервенција. Конзилиум сега се одлучува како ќе продолжи третманот на нејзината нога која тешко повредена и згмечена и постои можност да и биде ампутирана. Останатите пациенти имаат повреди на локомоторниот систем, на градниот кош и на стомакот, вели министерот за здравство Филипче, кој денеска ги посети повредените пациенти.

Според директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов, заради влошување на состојбата синоќа оперирани биле 15-годишното момче и 40-годишен пациент. Според директорт во моментов тие се стабилна состојба и се во Одделот за реанимација.

Истакна дека двајцата пациенти кои беа пренесени од Одделот за интензивно лекување, 15-годишното момче и 40-годишниот пациенти синоќа заради влошување на состојбата и губење на крв биле внесени во оперативниот протокол.

Извор и фото: skopje1.mk

Facebook Коментари