Со 10 милиони евра ТАВ ќе ги модернизира охридскиот и скопскиот аеродром

- Македонија
582

Забрзување на процесот на реализација на новите инвестиции од 10 милиони евра што ТАВ ќе ги направи за модернизација на македонските аеродроми и за инвестиции од 35 милиони евра во инфраструктурни проекти, локални патишта, градинки, водоводи и канализации во висина, што произлегува како обврска на ТАВ од договорот за концесија.

Ова беа главните теми за кои денес разговараа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески со извршниот директор на ТАВ, Сани Сенер и со генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Тунга Ерсој.

Постои согласност од двете страни дека во најбрз временски период треба да отпочне реализацијата на овие проекти.

На средбата беше потврдена одличната соработка со ТАВ којашто во иднина ќе се унапредува и продлабочува. Премиерот Заев ја истакна важноста на традиционалното пријателство и одличната билатерална соработка на нашата земја со Република Турција во градењето на цврсти економски релации помеѓу двете земји.

извор и фото: Влада на РМ

Facebook Коментари