УЈП со апел до граѓаните да не отвараат СМС пораки кои повикуваат на задолжителна пријава од УЈП

- Македонија
207

Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https: ujp-gov.mk/potvrda.

– Граѓани, никако не отворајте ја оваа лажна веб страница, бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачите слика од вашата лична карта. Споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница, може да предизвика нивна злоупотреба.Веб страница е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни приходи. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба.- стои во соопштението од УЈП.

Во прилог како изгледа лажната веб страницата која не треба да се отвара:

Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба.

Facebook Коментари