Утре се празнува големиот празник Рождество на Пресвета Богородица, помеѓу народот познат како Мала Богородица.
Пресвета Богородица се смета за заштитничка на мајките и на леунките , поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа жените оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони за да добијат деца.
На Мала Богородица се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име вклучувајќи го и познатиот манастир во атрушко Калишта.
Манастирот во Калишта е местото каде се наоѓа иконата каде Богородица е насликана во црна облека и со црно лице, а и детето Исус е црно.
Позната како Богородица во црно, иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот.
Оваа икона е една од највредните во нашата земја и се верува дека има многу лековита моќ.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари