Веб страницата за пријавување за вакцинација против ковид 19 е активна

- Македонија
525

Веб страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19 e активна.

На vakcinacija.mk може да се пријави секој, а министирот Филипче вчера информираше дека   системот  ќе генерира кои се приоритетни.

Освен по електронски пат со регистрација на веб страницата за вакцинација,  пријавувањето за вакцини ќе се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Филипче додаде дека капацитетот за вакцинирање изнесува по 880 лица дневно во сите поликлиники во Здравствениот дом во Скопје и дополнителни близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар во Скопје. Вакцинацијата ќе почне со здравствените работници и со лица над 70 години.

Засега се пријавени четири илјади работници, од кои околу две илјади се во Скопје, останатите се во другите градови. Таму вакцинацијата ќе се спроведува во пунктови по примерот на вакцинацијата за сезонски грип, така што во првиот момент кога вакцините ќе стигнат може и практично да започне процесот на вакцинација

До крајот на месецов во земјава се очекува да пристигнат 200.000  вакцини од кинескиот производител „Синофарм“.

Facebook Коментари