Венко Филипче: Koрона-вирусот не е шега, сите без исклучок да се однесуваат одговорно!

- Македонија
515

-Сакам уште еднаш да повторам. Сите граѓани, компании, институции, секој поединец, максимално сериозно и без никакви отстапки да ги следи насоките и препораките. Коронавирусот не е шега. Единствениот начин да се заштитиме е секој еден, без исклучок, да се однесува одговорно.-напиша на својот ФБ профил, Министерот за здравство Венко Филипче.

„Сите информации се достапни, сите мерки се јасни. Мерките се заоструваат од ден на ден и ќе преземеме се што е потребно да го заштитиме јавното здравје. Но, ова институциите не може да го направат сами, потребна е силна поддршка и соработка од граѓаните. Останете дома! Не се собирајте, не се групирајте! Сите кои можат да работат од дома да го направат тоа. Особено внимавајте и заштитете ги највозрасните, ранливите и хронично болните, тие се во најголем ризик.“ – стои во објавата

Сите информации и препораки ги имате на овој ЛИНК

Strugaonline

Facebook Коментари