„Визер“ ќе промовира четири нови авио линии од Охридскиот и Скопскиот аеродром

- Македонија
802

ТАВ Македонија на свеченост што ќе се одржи во среда на Аеродромот во Скопје, ќе промовира 4 нови дестинации од македонските аеродроми со авиокомпанијата „Визер“, како и поставувањето петти воздухоплов на нивната база во Скопје.

Се работи за летовите до Турку (Финска) и Ларнака (Кипар) од Скопскиот аеродром, како и Меминген и Дортмунд во Германија, од Охридскиот аеродром.

Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, г-дин Горан Сугарески, г-дин Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и г-ѓа Паулина Госк, одговорна за корпоративни комуникациии во „Визер“.

Извор: Ohridnews

фото: aрхива

Facebook Коментари