Владата ги усвои новите ковид-мерки, се укинува носењето маски во затворени простории

- Македонија
493


На денешната седница Владата ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за олеснување на анти – Ковид мерките и согласно подобрената епидемиолошка ситуација ги усвои следниве одлуки одлуки:

Се укинува мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби. Учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски.  Се укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и
се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

Facebook Коментари